Ѕвездите на доделување на британските модни награди

Ѕвездите на доделување на британските модни награди

Американските ѕвезди во италијански креации доминираа на доделувањето на британските модни награди, кои се одржани во понеделникот вечерта во Ројал Алберт Хал во Лондон.

Актерката и пејачката Зендаја носеше уникатна креација на Вивета, со сребрени ѕвезди на ракавите и со интересни исечоци во облик на коњ на градите.

Каиа Гербер, убавата ќерка на Синди Крафорд, исто така присуствуваше на настанот во небесно сино парче на Ралф и Русо.

Најголемо внимание привлече секако Селена Гомес во Коач фустанот и бели чизми. Пејачката и овој пат имаше плава коса, која ја претстави пред неколку недели, а кои идеално и прилега и во оваа модна комбинација.