ZTE Axon M – телефон со два екрани!

ZTE Axon M – телефон со два екрани!

Компанијата Samsung не е единствениот произведувач кој работи на склопливи или свитливи телефони – според новите информации, првиот вистински склоплив телефон ќе биде претставен од страна на ZTE како модел со два екрани.

За разлика од Samsung Galaxy X кој веројатно ќе има флексибилен екран, се очекува ZTE Axon M да има 6,8-инчен екран со резолуција од 2160 х 1920 пиксели, кои ќе го сочинуваат предниот и задниот дел на уредот.

Моделот ќе се расклопува со помош на централен прстен, со цел да се создаде еден екран со големина на таблет. Двата екрани, исто така ќе можат да покренат две различни апликации одеднаш.

За ZTE Axon M не се знае многу, освен дека се очекува да биде екслузивен за AT&T во САД по цена од 650 долари. Тој ќе содржи Snapdragon 820 или 821 чипсет, 4 GB RAM, 32 GB меморија и капацитет од 3120 mAh, што не звучи многу за два екрани.

Настанот е закажан за 17 октомври во Њујорк.