Знаците во индијанскиот хороскоп откриваат многу за вашиот карактер

Знаците во индијанскиот хороскоп откриваат многу за вашиот карактер

Според индијанскиот хороскоп, кој е еден од најстарите хороскопи во светот, секој од нас има свое животно кое е негов заштитник.

Како и стандардниот хороскоп, и тој има 12 знаци. Доколку сакате да дознаете кое е вашето спиритуално животно, пронајдете го својот датум на раѓање и проверете што индијанскиот тотем открива за вас.

Гуска (22 декември – 21 јануари)

Силните гуски се мирни, живеат во склад со природата и остануваат верни на себеси. Тие се морални и одлучни, а најважни им се довербата и верноста. Можат да поднесат многу болка, но на нивното лице ќе остане насмевката сè додека имаат вистинска љубов покрај себе.

Видра (22 јануари – 18 февруари)

Видрите се родени хуманитарци. Тие се топли, љубезни и милостиви. Не можат да поднесат кога луѓето патат и сè би направиле за да им помогнат. Со својата добрина можат да променат нечиј живот, но и лесно да наведат да се заљубите во нив.

Волк (19 февруари – 20 март)

Потполно независни и со храбро срце, Волковите се најпосветените, најдоверливите и најгрижливите личности. Тие се интелигентни, но често и алчни. Или потполно ќе ви веруваат или целосно ќе го отфрлат вашето мислење. Кај нив нема средина – секогаш е сѐ или ништо.

Сокол (21 март – 19 април)

Соколите се футуристи кои секогаш ја гледаат широката слика. Имаат отворено гледиште за животот и тешко ги осудуваат луѓето поради нивните сфаќања, изглед и слично. Тие го живеат својот живот слободно, но се заштитнички настроени кон оние кои ги сакаат. Секогаш летаат високо, но со себе ги носат и оние кои ги сакаат.

Дабар (20 април – 20 мај)

По природа, овие личности се вредни и имаат бујна фантазија. Тие сакаат да ги градат нештата, без оглед на тоа дали станува збор за кариерата или пак туѓите пропаднати животи. Многу се емпатични и нежни, но знаат да бидат и насилни доколку некој им се заканува. Често поставуваат нови цели и принципи и сакаат да бидат креативци во животот.

Елен (21 мај – 20 јуни)

Родените во овој знак се често интровертни и затворени. Тие се тивки и се држат на страна во друштвото. Сепак, со луѓето со кои се блиски се потполно забавни и опуштени. Сакаат да го поминуваат своето слободно време во самотија, а природата им е втор дом.

Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули)

Клукајдрвците се одлучни, истрајни и полни со волја. Тие директно се движат кон целта сè додека не постигнат успех. Нивната енергија е заразна и умеат да ги мотивираат другите. Тие не гледаат ништо друго освен своите животни цели и не се смируваат сè додека соништата не им се претворат во реалност.

Лосос (22 јули – 22 август)

Луѓето родени во овој знак пливаат против струите. Тие се родени бунтовници и го гледаат светот поинаку од другите. Ги рушат сите трендови и се тврдоглави личности кои имаат единствен начин на живеење, работење и сакање.

Мечка (23 август – 22 септември)

Луѓето во знакот на мечка се лојални и страствени. Многу се заштитнички настроени, но не и посесивни. Нежни се кон оние кои ги пуштаат во својот живот, но умеат и да ги растргнат на парчиња оние кои ќе ги повредат нивните сакани. Иако се смирени и топли, умеат да направат пекол од оние кои се бунат против нивниот авторитет.

Гавран (23 септември – 22 октомври)

Тивки, внимателни и таинствени по природа, гавраните знаат да бидат многу драги личности, но нивното гледање на светот е често многу мрачно. Обично не сакаат да ги повредат другите, но нивната комплексна личност не е за секого. Мистериозни по природа, тие се многу затворени сè додека не ја сретнат вистинската личност пред која ќе го покажат вистинското јас.

Змија (23 октомври – 21 ноември)

Змиите се многу инстинктивни и мистериозни по природа. Емпатични се, но нивните чувства се цврсто заклучени. Умеат да се стават во туѓа кожа и да го видат светот низ туѓи очи. Тие се помеѓу ретките кои сакаат да разбираат, отколку да критикуваат. Тие се вистинско богатство на овој свет.

Був (22 ноември – 21 декември)

Овие личности се меѓу најмудрите и најталентираните личности на светот. Тие умеат да ја искористат секоја шанса на којашто ќе наидат и да го извлечат најдоброто од светот. Таму каде другите гледаат темнина, тие секогаш гледаат нова шанса.