
Зима жените изгледаат постаро[27.01.2012 - 14:16 часот]
|
Експертите за убавина потврдија дека во зимскиот период кожата на жената изгледа постаро од тоа што е. Тие ја набљудувале кожата на 5,000 жени на возраст од 27 до 60 години во текот на летниот и зимскиот период и дошле до заклучок дека обично зимата "додавала" уште четири години на нивната возраст.
Лабораторијата АМА од Њујорк потврдила дека жените изгледаат постаро кон крајот и почетокот на годината.

Недостатокот на сончевата светлина ја прави кожата бела или дури сива без свежина, а го зголемува влијанието на уморните очи и црните вреќички под нив. Недостатокот на витаминот Д влијае на изгледот на кожата и дамите неминовно изгледаат постаро.
Поради недостатокот на сончевата светлина, генералната депресија која е предизвикана од лошите временски услови исто така влијае на изгледот на кожата.
Недостатокот на витаминот К е уште една причина која влијае нашето лице да биде уморно, поради што очите ни се благо отечени и покрај тоа што сме имале доволно време за сон.
Во летниот период, црните вреќички под очите се помалку видливи, бидејќи се покриени со ситни капилари во тој дел на лицето кои пумпаат крв под површината на кожата и прават таа да изгледа здраво, пренесува "Times of India".
| [назад] |















