ЖРК Вардар дели "лекции" по ракомет низ Европа!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.02.2017 - 19:29

И оваа година нашиот шампион ЖРК Вардар, ја започна шампионски со победата над секогаш силната црногорска екипа на Будуќност и тоа на нивни терен во Подгорица, а потоа и победата на домашен терен во Скопје над францускиот претставник Мец.

Па затоа и денес, во денешното коло од кавалификационите групи во женската Лига на шампиони на Европа, на гостувањето во Германија, со екипата на Турингер, отпатува со намера да освои нови бодови за зацврстување на првото место во нашата квалификациона група, за евентуално "полесен" противник во натамошните натпревари во Лигата на шампиони на Европа.

Силната екипа на нашиот женски шампион, предводена од  симпатичниот тренер, но во секој поглед стручен, Давид Дејвис, натпреварот го започна со многу сериозен пристап, организирано и во нападот и во одбраната, па пред многубројната и бучна домашна публика го започна "македонското оро" и почна да го "гази" противникот, така што првото полувреме заврши со голема разлика и со неочекуван резултат од 13:18.

Во второто полувреме, уште од почетокот ракометарките на Турингер правеа очајнички напори да го свртат резултатот. На неколку наврати опасно се приближија, па дури на средината на второто полувреме на два пати го изедначија резултатот на 23:23 и 26:26, и преминаа на двапати и во водство од еден гол разлика.

Но, силните Вардарки, и покрај малото опуштање и неизвесен и драматичен финиш, со рутинирана, и висококвалитетна игра предводени од извонредната Андреа Пенезиќ, која постигна 9 голови, не дозволија противникот да извојува победа, па така на крајот сепак натпреварот заврши со нова победа 31:29, за зацврстување на првото место во групата, за сигурен пласман во четврт финалето и најава за нови победи во натамошните натпревари, а можеби и најава за посакуваната Европска шампионска тиула.