Жизел, дефинитивно најбогата

[27.01.2012 - 12:06 часот]

Најбогатата манекенка на светот е Жизел Бундшен и нејзиното богатство наскоро ќе достигне милијарда долари, а на второто место според заработка е Бар Рафаели.

Поранешниот "ангел" на "Victoria's Secret" тргна на сличен пат, а нејзината линија на долна облека се извезува ширум светот.

Модната линија на долна облека беше лансирана во мај минатата година и стана неверојатно популарна во латинска Америка, а од оваа година започна да се извезува ширум светот.

Почетната колекција имаше само 40 дизајнерски решенија за долна облека, но колекцијата набрзо беше проширена.

Само минатата година Жизел заработи од продажбата повеќе од 35 милиони евра.

Имено, манекенката Бар Рафаели исто така ја развива својата линија за долна облека за мажи и жени. Рафаели е заштитното лице за француската линија за долна облека "Passionata".

Нејзините производи ќе бидат наменети за жени и мажи од 25 до 45 години, а ќе се нарекуваат "Under Me", пренесува "Daily Mail".

Првата манекенка која дизајнираше долна облека во 90-тите е австралискиот модел Ел Мекфирсон која е позната во модниот свет според прекарот "Телото".

[назад]
Радио МОФ