Живее со уред наместо срце

[04.02.2012 - 12:38 часот]

Докторите од Тексашкиот институт за кардиологија успешно го заменија срцето на еден пациент со уред кој дозволува проток на крв и со тоа му го спасија животот. Првиот пациент кој живее без срце за сега нема никакви потешкотии.

Крег Луис (55 години) од Тексас, се соочил со самата смрт поради болеста која предизвикала преголемо лачење на протеини кои можеле да ги задушат органите и да доведат до прекин на циркулацијата на крв.

Неговото срце едноставно не било доволно силно за да се избори со згрутчувањето и кога лекарите му го замениле со уредот, тој можел нормално да продолжи со животот.

Уредот кој потсетува на турбините со подвижни ротори го одржува Крег во живот - меѓутоа, кога некој доктор го прегледува овој човек под стетоскоп не се слушаат отчукувања на срцето туку звукот на уредот кој ја помага циркулацијата на крв, пренесува "Neoterama".

[назад]
Радио МОФ