Жените сакаат момци со очила

[20.02.2012 - 20:46 часот]

Жените повеќе ги привлекуваат мажи кои носат очила од оние кои не носат, покажаа резултатите од истражувањето кое го спроведе интернет сајтот SelectSpecs.com.

Судејќи според најновото истражување, припадниците на посилниот пол кои носат очила, не мораат да се грижат кога е во прашање успехот кај дамите.

Истражувачите на одреден број на жени им покажувале фотографии од пет момци, со и без очила, а поголемиот број на испитаници оние мажи кои носеле помагала за вид, ги окарактеризирале како поинтелигентни, посигурни, повредни и со поголем сексипил во однос на оние кои не носеле очила.

Оптичарот Тони Расел кој го водел истражувањето, вели дека се надева дека во иднина мажите со гордост ќе носат очила.

"Постојат многу предрасуди за носењето на очила, но вистината е дека тие навистина можат да влијаат на карактерот и да го истакнат најдоброто кај вас.

Се надеваме дека овие резултати ќе ги охрабрат сите мажи кои носат очила во контактот со жените", изјавува тој.

[назад]
Радио МОФ