Жените имаат нов естетски тренд

Жените имаат нов естетски тренд

После операциите на усните, задникот, градите и вагината, се појави нов тренд во пластичната хирургија за кои се одлучуваат се повеќе жени.

Така хирурзите открија дека се повеќе жени им се обраќаат за со помож на естетската хирургија направат дупчиња на образите. Тоа и не е чудно бидејќи многу луѓе сметаат дека дупчињата на образите се неодоливи и шармантни.

Како најпосакувани примери ги сметаат Миранда Кер, Хари Стилес и Аријана Гранде кои се родени со овие симпатични украси на лицето.

За разлика од многу други естетски зафати, овој трае пола час и се работи под локална анестезија.

Така дупчињата се гледаат кога се смееме и зборуваме, но не и кога лицето е опуштено, а мана е што резултатот е привремен и трае од еден до два месеци.