Зграда која не смееше да се посети 500 години

Зграда која не смееше да се посети 500 години

Венеција секојдневно ја посетуваат над 60.000 туристи, па се чини дека нема ништо ново што може да се открие. Сепак, големата реставрација на плоштадот Свети Марко ќе вклучува отворање на зградата за прв пат по 500 години!

Трите поврзани згради кои се протегаат низ плоштадот Св. Марко конечно ќе бидат отворени за јавноста.

Штом се реновираат, еден дел ќе се користи за изложби и семинари, а вториот дел ќе биде место за помош на бегалците. Тајниот премин што води од плоштадот Кралската градина ќе биде отворен за јавноста, како и терасата од која ќе можете да уживате во погледот.

Историската зграда е користена од канцелариите на Assicurazioni Generali последниве 185 години, а по наоѓањето на нова локација, тие одлучија да го финансираат овој проект.

Наградуваниот архитект Дејвид Чиперфилд е задолжен за реставрација и вели дека внатрешноста е вистински предизвик и остава без здив.

Туристите ќе можат да влезат во зградата до 2020 година.