Зек Браун откри дека би му посакале добредојде на Луис Хамилтон назад во Вокинг

Зек Браун откри дека би му посакале добредојде на Луис Хамилтон назад во Вокинг

Зек Браун, откри дека би му посакале добредојде на Луис Хамилтон назад во Вокинг и би го пречекале со широко отворени раце, доколку не успее да се договори со Мерцедес околу продолжување на соработката.

Тото Волф често изјавува дека се работи само за време кога ќе биде потпишан новиот договор со шампионот и дека ништо не е спорно, но договорот на британецот истекува на крајот од оваа натпреварувчка сезона.

Не мислам дека постои екипа на планетава која не би била заинтересирана да ги користи услугите на Луис Хамилтон и тој да вози за нив, па така и ние. Ако било кој го добие Луис, тоа ќе биде огромен плус за таа екипа. Тој има фантастична историја со нас и голем пријател е со сопствениците на екипата – откри Браун.

Хам мина 6 сезони во Мекларен и стигна до 21 победа со нив, а дојде и до својата прва титула возејќи Мекларен и тоа во 2008 година.