Зејн Малик стави тетоважа посветена на Џиџи Хадид!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 18.01.2017 - 18:51

Папараците и обожавателите беа изненадени од потегот на Зејн Малик - тој стави нова тетоважа на раката посветена на неговата девојка, манекенката Џиџи Хадид!

Тетоважата ракописно го испишува зборот "Љубов", а се наоѓа на горниот дел на дланката на Зејн. Ова ги потресе обожавателите бидејќи неколку дена претходно Џиџи беше забележана со минијатурен прстен на прстот на кој обично стои веренички прстен, па сега целиот интернет се опседна со можната свршувачка помеѓу овие двајца.

Сепак, запознаените со ситуацијата велат дека не треба да се избрзува со заклучоци бидејќи ова најверојатно е таканаречениот "прстен за ветување", кој во американската традиција е често користен - со него се ветува верност, но не и брак. Освен тоа, Џиџи неодамна ја одби понудата за брак на Зејн, па ова е воројатно утешна награда. :)