Здрави оброци за зголемување на енергијата

Здрави оброци за зголемување на енергијата

Покрај стимулансите како пијалоците кои содржат кофеин, исто така и храната игра голема улога во одржување на нивото на енергија на организмот па видете некои оброци кои ќе ви помогнат да се расоните или останете будни кога се чувствувате поспано и кога енергијата ви е на ниско ниво.

1) Банана



Бананите содржат комплексни јаглехдрати и природни шеќери кои му даваат енергија на организмот.

2) Мешавина од суво овошје и јаткасти плодови

Оваа мешавина позната како „trail mix“ е богата со растителни влакна кои креираат долготрајна енергија. Обично во нив се наоѓаат и парчиња (темно) чоколадо, бадеми, ореви, суво грозје, семки од тивка, сончоглед и сл.

3) Зелени смудија

Комбинацијата од зеленчуци како кељот и спанаќот со овошја (лубеница, јагоди и сл.) и додатоци кои даваат вкус (како путерот од кикирики и медот) не само што дава енергија, туку е и вкусна. Зелените смудија се богати со амино киселината Л-Тирозин, која помага за подобрување на менталната способност.

4) Хумус и моркови

Морковите содржат јаглехидрати и се сметаат за храна со висок гликемиски индекс, што е „шифра“ за енергија. Хумусот, пак, содржи скроб кој е комплексен јаглехидрат кој телото го користи за одржување на енергијата.