Заз со концерт во Македонија

[15.02.2012 - 20:01 часот]

Познатата француска пејачка Изабел Џефрој, позната како Заз, на својата интернет страница објави дека на 28 мај ќе одржи концерт во Скопје.

Првата средба на македонската публика со младата џез- изведувачка ќе се случи во скопското Сајмиште.

Гордоста на Монмартр, како што ја нарекуваат Заз, со музика почнала да се занимава пред 10 години, пеејќи во блуз-бендот Фифти фингрс.

Деби-албумот Zaz од 2010 година предизвика огромно внимание кај светската музичка критика, а голем број познавачи почнаа да ја споредуваат со Едит Пјаф.

Настапот во Македонија е дел од нејзината светска турнеја што ги опфаќа и Јапонија, Kанада, Германија, Швајцарија, Хрватска, Србија и други. Во регионот, освен во Скопје и Белград, младата пејака ќе настапи во Загреб и во Софија.

На Јутјуб нејзините песни уриваат рекорди на гледаност.

Извор: Fakulteti.mk

[назад]
Радио МОФ