Завршено снимањето на Game of Thrones во Хрватска

Завршено снимањето на Game of Thrones во Хрватска

Снимањето на сцената за осмата сезона на популарната серија Game of Thrones во Дубровник официјално заврши.

Најголемата конфузија се појави во средата, кога Џон Сноу, еден од главните ликови од серијата, се појави на тврдината Минчети во препознатливо крзно, што го толкува 31-годишниот актер Кит Харингтон.

Иако се шпекулираше дека Емилија Кларк, кралицата на змејовите пристигнала во Дубровник, тоа не се случило. Иако деталите не се познати, се чини дека Денерис нема да се врати во главниот град на Вестерос.

Како што пренесуваат медиумите, тимот од серијата веќе се упатил кон Северна Ирска и Исланд.