Западот со победа во спектакуларниот Ол-Стар натпревар!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.02.2017 - 12:47

Секогаш кога на едно место ќе се соберат најголемите НБА ѕвезди тоа само по себе значи спектакл, но синоќешниот натпревар меѓу Истокот и Западот дефинитивно ќе се издвои од останатите.

Имено, ова е натпревар со рекорден број на постигнати бодови во Ол-Стар натпревар, со победа на Западот од 192-182.

На 66-то издание од викендот каде се собираат сите најголеми кошаркарски ѕвезди, миленикот на публиката Ентони Дејвис испиша историја со 52 постигнати поени, со што го помина рекордот на Чемберлен од 42 поени поставен уште во 1962 година.

Многу рекорди се срушија во Њу Орлеанс, а публиката за целото време одлично се забавуваше во салата и пред малите екрани.

Во редовите на Истокот, најефикасен беше Јанис Антетокунпо со 30 поени, додека Леброн Џејмс постигна 23 поени.