Загрижената Ким Кардашијан[23.02.2012 - 12:34 часот]
|
Може да кажеме дека изминатата 2011-та година беше ужасна за Ким Кардашијан - нејзината репутација драматично опадна по краткиот брак со Крис Хамфрис поради кој старлетата беше критикувана дека можеби го сфатила реалното шоу малку посериозно отколку што треба.
А како тоа да не беше доволно, 31-годишната ѕвезда се уште има бурни периоди да поминува бидејќи допрва ја очекува "поплавата" од непријатни разводни постапки откако нејзиниот поранешен сопруг Крис Хамфрис (27 години) одби да се договори надвор од судницата.

Според неколку извори, вклучувајќи ги списанијата "Life" и "Style", Крис исто така планира да поднесе тужба против мајка и на Ким - Крис Џенер.
После сите овие незгодни случувања, никој не и замери на старлетата што посака да избега од лудилото и едноставно да заборави на своите грижи на прекрасните плажи во Мајами.
Така, Ким замина со својот најдобар пријател Џонатан Чебан за да се одмори и релаксира и иако јасно можеше да се забележи дека таа не е расположена, дури и по малку депресивна, старлетата надокнади со луксузната колекција на едноставни и ласкави костими за капење.

Имено, кога ги забележа камерите на папараците, Ким за момент изгледаше како да се насмевна и орасположи, но само секунди потоа се врати на старите грижи кои според списанијата "Life" и "Style" се однесуваат на Крис и тоа што тој реши да го отвори нивниот брак пред камерите и светската јавност.
"Ким "збеснува", таа нема никаков интерес во одолговлекувањето на нејзиниот брак или емитирањето на болната постапка на телевизија. Верувале или не, таа е приватна личност", изјави анонимен извор за медиумите.




| [назад] |















