За iPhone стигаат нови 56 нови емотикони

За iPhone стигаат нови 56 нови емотикони

Новото ажурирање што Apple го подготвува за iOS 11.1 ни носи 56 нови емотикони.

Емотиконите пристигнуваат следната недела со нова верзија на оперативниот систем.

Во одделот за животни добиваме неколку нови “станари” – жирафа, зебри, еж, диносауруси и скакулци. Додека доаѓа есента, ќе има неколку тематски емоции како капи, шалови, ракавици и палта. Кинеската храна, броколи и американската пита, исто така, го зазедоа своето место во делот за храна, и долгоочекуваната Звонница, Малата Сирена и Дракула, се приклучуваат на емотиконите.

Емотиконите нема да бидат видливи на постарите верзии на Андроид, но веб програмерите веќе подготвуваат решенија за да бидат видливи за сите.