Youtube: Нема да има заработка без 10.000 прегледи

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.04.2017 - 10:51

Нови правила од Јутјуб, конечно ја ограничува заработката на оние чии канали имаат помалку од 10.000 прегледи, објави на официјалниот блог овој популарен америкаски веб - сајт за споделување и размена на видео материјали.

Како причина за овој чекор ја наведоа „заштитата на квалитетните автори и нивните видеоматеријали“, како и потврдата за квалитетот на она што го работат. Новите правила се однесуваат и на новите пријави за „Ју тјуб партнер програмата“ која овозможува прикажување на огласи и заработка, бидејќи во наредните неколку недели ќе се промени процесот на проверка на сите кои прв пат се пријавуваат. Јутјуб многу детално ќе го пријавува секој новопријавен канал, за се да биде во рамките на правилата и за да се избегнат потенцијални проблеми околу прикажувањето на огласите на каналите со несоодветна содржина. Оној момент кога некои канали ќе достигнат бројка од 10.000 прегледи, огласите автоматски ќе почнат да се прикажуваат.