Windows 7 e најпопуларен оперативен систем.

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 03.04.2017 - 11:48

Според последните податоци на компанијата NetMarketShare, оперативниот систем Windows 7 е со тотална доминација. До кога ќе е вака не се знае, но после сите обиди на Microsoft, не може да го помести Windows 7 од првото место.

Во однос на податоците од фебруари, популарната 'седмица' го големи својот удел на пазарот, што може да ги изненади многуте, но броевите никогаш не лажат.

Windows 7 во фебруари застапуваше 48,49% од вкупниот светски пазар, додека во март се накачи на 49,42%. На второ место е очекувано Windows 10 со 25,36% застапеност, што секако не го задоволува Microstf кој очекуваше побрз и поголем напредок на својот последен оперативен систем. Настаните не идат баш секогаш како што планираме, па така Windows XP уште се држи и тоа со 7,44% иако во април ќе биде три години откако тој оперативен систем е службено пензиониран.