The Weeknd и Селена Гомез се новиот пар!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 12.01.2017 - 11:48

Изгледа дека пејачот The Weekend добро закрепнува по раскинот со Бела Хадид - тој веќе има нова девојка, и тоа никоја друга освен самата Инстаграм-кралица Селена Гомез!

The Weekend, чие вистинско име е Абел Тесфај, беше уловен во страстни прегратки и бакнежи со Селена од страна на папараците пред ресторанот Џорџо Балди во Санта Моника:

Ова може да биде интересна и малку незгодна ситуација, со оглед на тоа дека Селена Гомез е добра пријателка со сестрата на Бела, Џиџи Хадид. Останува да видиме како ќе се развива. :)