VW Golf Mk8 2019 ќе ја предводи хибридната револуција

VW Golf Mk8 2019 ќе ја предводи хибридната револуција

Volkswagen Golf-от ќе ја претрпи најголемата трансформација во 43 годишното постоење со неговата идна генерација во која ќе биде вградена хибридната технологија, и кај која комплетно ќе биде променет дизајнот на ентериерот,а официјалното претставување на 8-мата генерација на овој најпознат хечбек е закажано за Frankfurt Motor Show во 2019.

Пристигнувањето на наредниот Golf ќе се совпадне со она на електричниот фамилијарен автомобил VW I.D, кој ќе биде хечбек со големина идентична на него. Директорот на VW брендот, Херберт Диес, вели дека и покрај агресивната офанзива со електрични возила од кои ќе видиме најмалку 5 до 2025та, наредната генерација на Golf останува фокус на брендот.

Покрај тоа што ќе бидат понудени бензински и дизел мотори, новиот Golf ќе биде прв VW модел со блага хибридна технологија, благодарејќи на електричниот систем од 48 волти кој ќе биде вграден во некои варијанти.

Овој вид на погон нуди почиста алтернатива во однос на дизелот, со слични нивоа на ефикасност. Класичните погони ќе доаѓаат во 1.5 литарски 4-цилиндрични турбо бензински и дизел варијанти, со што ќе биде заменет сегашниот 1.6 литарски дизел мотор.

Варијантите како GTI и R ќе имаат подобрени перформанси, со моќност до 253 (за GTI) и 355 (за R) коњски сили. Понудени же бидат и plug-in хибридни варијанти на GTE моделот, но комплетно електричниот e-Golf нема да се појави уште најмалку една генерација, поради пристигнувањето на I.D фамилијата електрични возила.