Врската помеѓу Лима и Метин е заради популарност?

Врската помеѓу Лима и Метин е заради популарност?

Врската на Адријана Лима и турскиот писател, Метин Хара сеуште држи во неизвесност многу луѓе од шоу бизнисот, како и нивните фанови.

Поранешната српска снаа изгледаше дека е на еден чекор од помирување со Марко Јариќ, кога одеднаш почна насекаде да се појавува со турскиот писател и притоа јавно да разменува бакнежи.

Иако некои сметаат дека Лима и Метин навистина се вљубени до уши, од неодамна започнаа да кружат гласини дека изливите на љубов во јавноста всушност се маркетиншки трик со кој се прави обид да се затскрие хомосексуалната определба на Хара. Според гласините Лима се согласила на играта за да му ја зголеми популарноста на „својот партнер“.

Експертите за говор на тело се убедени дека односот на бразилската манекенка и турскиот писател, не е толку искрен и полн со љубов, како што тие двајца сакаат да му покажат на светот.

Нивните тела сигнализираат дека во суштина глумат блискост. Останува да видиме дали тоа е навистина така или пак папараците едноставно ги фотографираат во неприродни пози.