Вработувањето и Фејсбук

[23.02.2012 - 12:22 часот]

За еден потенцијален работник замислата дека новиот шеф му ги разлистува сите "фотки" на Фејсбук, а посебно оние "пијаните", може да биде многу застрашувачка.

Но, едно истражување откри дека работодавците веруваат дека тие "пијани" фотографии всушност откриваат дали сте пријателски настроени - и дали може да бидете добар додаток на нивното работно место.

Ова откритие беше дел од една американска студија која според добиените резултати заклучи дека работодавците можат да проценат колку добри ќе бидете на работата, базирајќи ја својата анализа само на вашиот Фејсбук профил.

Според добиените резултати, постои силна корелација помеѓу работниот успех на една личност и одредените карактеристики прикажани на Фесјбук профилот, а во нив спаѓаат: бројот на пријатели, широко поле на интереси и фотографии од најразлични патувања.

Сепак, најнеочекуваниот дел од откритието беше тоа дека фотографиите на кои јасно се гледа дека сте испиле премногу алкохол, генерално се сметаат за позитивни бидејќи покажуваат дека една личност е дружељубива и екстровертна.

Но, овие ретко позитивни резултати за социјалната мрежа се појавија точно во периодот кога почнаа да се поднесуваат многу пријавувања дека работодавците ги барале лозинките од профилите на кандидатите за вработување.

Така на пример, условите за вработување во една полициска станица во Северна Каролина гласеле дека сите кандидати треба да ги пријават сите своите социјални мрежи - и нивните лозинки.

[назад]
Радио МОФ