Volkswagen Polo и T-Roc се закитија со 5 ѕвезди за безбедност од Euro NCAP

Volkswagen Polo и T-Roc се закитија со 5 ѕвезди за безбедност од Euro NCAP

Двата најнови модели на Volkswagen , Polo и T-Roc, го достигнаа највисокиот рејтинг од 5 ѕвезди во тестовите за судар на Euro NCAP и постигнуваат одлични резултати во сите клучни области на тестирањата.

Д-р Франк Велш, член на управниот одбор на менаџментот на Volkswagen, кој е одговорен за развој изјави – „Volkswagen е максимално посветен на безбедноста. Овие оценки добиени од страна на Euro NCAP за Polo и T-Roc демонстрираат уште еднаш како Volkswagen им ја обезбедува максималната безбедност на сите возачи.“ Основните верзии на Polo и T-Roc се одлично опремени со шест воздушни перничиња, ESC, систем за предупредување за фронтален судар Front Assist со автономно сопирање во итни случаи, вклучувајќи помош при тргнување на нагорнина и систем за препознавање на замор кај возачот.

Новиот Polo беше тестиран во класата на супермини во Европската програма за проценка на нови автомобили (Euro NCAP). Во тестовите, Euro NCAP ги испитува оптоварувањата на кои се подложени возрасните патници во различни сценарија за несреќи.

Во овој рејтинг, Polo постигна одличен резултат од 96 % во својата класа. Polo, исто така, доби импресивен рејтинг во испитувањето за странични удари што е предизвик со самиот дизајн на возилото – затоа што страничните столбови се, се разбира, помали од оние на предната и задната страна. Коментирајќи го и тестот за несреќа со страничната бариера и тестот за несреќа со страничен столб, Euro NCAP забележа дека “заштитата на сите критични делови од телото е одлична, а Polo постигна максимален резултат од 100%”. Во областа за тестирање за заштита на деца, Euro NCAP го оцени Polo со бројка од 85 проценти – што претставува најдобар резултат забележан во овој сегмент.

T-Roc во Euro NCAP тестирањата постигна врвни резултати. Тој беше категоризиран во сегментот на компактен SUV, класа која исто така вклучува и многу поголеми SUV. Бројките за T-Roc беа постојано импресивни. Во тестирањето за возрасни патници, овој SUV на Volkswagen доби рејтинг од 96%.

T-Roc, исто така, заврши многу добро во рејтингот за заштита на деца со резултат од 87%. За тестирањата од Euro NCAP изјавија: “Во тестот за преден судар, заштитата на сите критични области на телото беше одлична. Слично на тоа, заштитата на сите критични делови од телото беше исто така одлична во тестот на страничен удар “. Деформирачките елементи на предниот дел на возилото и серискиот систем за детектирање на пешаци, исто така, резултираат со бројка од 79 проценти за заштита на пешаците, што е извонредно во споредба со конкуренцијата. Покрај тоа, новиот T-Roc постигна највисоки резултати во категоријата „Безбедносни системи“ благодарение на своите системи за помош.

Европската програма за проценка на нови автомобили Euro NCAP е меѓународен и независен конзорциум на влади и невладини организации. Седиштето на Euro NCAP се наоѓа во Брисел (Белгија). Наведената мисија на Euro NCAP е да им обезбеди на купувачите на автомобили информација за безбедноста на најпопуларните возила што се продаваат во Европа навремено.