Volkswagen лани продал најголем број на автомобили во светот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.01.2017 - 16:41

Баварската компанија за производство на автомобили Volkswagen ја надмина компанијата Toyota, со што стана најуспешниот продавач на автомобили во светот. Ова е прв пат за германската компанија да ја завземе лидерската позиција.

Toyota го држеше првото место на листата во изминатите четири години, но во 2016 година продаде 10,17 милиони автомобили, што не беа доволни во споредба со 10,31 милион на Volkswagen.

Овој успех беше остварен и покрај скандалот кој ја раздрма компанијата, а се однесуваше на лажирањето на тестовите за емисијата на штетни гасови, што резултираше со бројни тужби и казни за Volkswagen.

Уште еден огромен успех за оваа компанија, која ги опфаќа брендовите на Audi, Porsche и Škoda, беше и титулата на Volkswagen Golf за најпопуларен автомобил за 2016 година во Шведска, каде оваа титула редовно му припаѓаше на домашниот бренд Volvo.

General Motors сѐ уште ги нема објавено своите резултати, но се очекува да биде зад јапонската и германската компанија. GM беше на прво место во 2011 година, кога производството на Toyota претрпе огромен удар поради земјотресот и цунамито во Јапонија.