Volkswagen ќе го претстави наследникот на моделот CC

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 28.11.2016 - 21:20

На Саемот за автомобили во Женева, компанијата Volkswagen ќе го претстави наследникот на моделот CC, а тоа е Arteon.

Новата генерација го носи новото име бидејќи Volkswagen одлучи да ја замени ознаката CC. Arteon е кованица од зборовите "art" и "eon", што треба да претставува модел со врвни спецификации.

Автомобилот изгледа модерно и елегантно, а своето место ќе го најде над моделот Passat. Продукцискиот автомобил беше најавен минатата година во Женева со концептот Sport Cooupe GTE, а оттогаш на интернетот се појавија фотографии од прототипот.

Сега беа објавени и неофицијалните рендери кои ја откриваат надворешноста и внатрешноста на Arteon.

Како што беше случај и со CC, Arteon ќе биде поатрактивен од моделот Passat, со спуштена линија на кровот поради која има профил како купе. Нема да има големи разлики меѓу стариот и ребрендираниот модел, но се очекува попрактичен багажник со шарки на горниот дел, што ќе резултира со подобар пристап.

Реално е да се очекува дека овој модел ќе биде поскап од Passat-от, но и дека ќе има подобра и поквалитетно опремена внатрешност. Моторите и менувачите ќе бидат преземени од Passat-от, а VW најверојатно ќе ги користи само најсилните опции од својата понуда.

Arteon ќе биде претставен на Саемот во Женева, а продажбата ќе почне идното лето.