Volkswagen и Google развиваат квантни компјутери наменети за автономните автомобили

Volkswagen и Google развиваат квантни компјутери наменети за автономните автомобили

Volkswagen и Google се гиганти во својата бранша, автомобилската, односно технолошката индустрија, па сега германската и американската компанија заеднички ќе создаваат моќни квантни компјутери, наместо вештачка интелигенција.

Квантниот компјутер е уред за пресметки кој што директно користи различни квантно-механички феномени како што се суперпозицијата и поврзаноста, за да се извршат операции над податоците.

Кај класичните или конвенционалните компјутери, количината на податоци се мери во битови, а кај квантните се мери во квантни битови. Компјутерите и паметните уреди кои што ги користиме денес работат на бинарен систем со две состојби од 0 и 1.

Кај квантните компјутери постои и трета состојба наречена суперпозиција, па има три состојби – 0, 1 и 2. Благодарение на тоа, можностите на ваквите компјутери се огромни и најпросто објаснето, одредени математички проблеми квантниот компјутер може да ги реши за неколку милиони пати побрзо време од обичните компјуери.

Едно од подрачјата во кои што Volkswagen и Google имаат намера да ги тестираат квантните компјутери е регулацијата на сообраќајот. Со користење на оваа напредна технологија може да се избеге сообраќајниот метеж, несреќите и слично.

Оваа технологија може да се примени и за пронаоѓање на слободни паркинг места или електрични станици за полнење на автомобилите.

Од Volkswagen имаат намера оваа напредна технологија на која што Google работи веќе неколку години, да биде доразвиена и да биде вградена кај своите идни електрични возила, затоа што благодарение на квантните компјутери, ќе биде зголемен капацитетот на батериите, односно оддалеченоста која што автомобилот ќе може да ја помине со едно полнење.

Едно од подрачјата каде што Volkswagen и Google имаат намера да ја искористат оваа технологија е кај вештачката интелигенција со цел автономните автомобили да можат да станат што е можно попаметни.