Volkswagen го претстави новиот Golf!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.11.2016 - 20:45

Компанијата Volkswagen денес ја претстави новата верзија од својот популарен модел Golf, кој поседува иновативна технологија со контроли кои реагираат на движења, наменета за инфотејнмент системот.

Всушност, не се работи за потполно нов модел, туку за освежена верзија на моделот од седмата генерација која доживеа мали промени во екстериерот, а на пазарот треба да пристигне во 2018 година.

Постоечката понуда на мотори е збогатена за новиот 1,5-литарски бензински мотор со технологија за исклучување на цилиндарот. Оваа технологија овозможува работа на само два цилиндра со цел заштеда на горивото.

Новиот 1,5-литарски TSI Evo мотор развива 148 КС, просечната потрошувачка изнесува нешто повеќе од 4 литри на 100 километри, а емисијата на CO2 е 110 g/km. Поекономичната Bluemotion веризја развива 128 КС, а просечната потрошувачка е 3,83 литри на 100 километри.

Bluemotion верзијата ќе се појави на пазарот нешто подоцна, а поседува функција која го гаси моторот кога возачот ќе го тргне стапалото од педалата за гас. Оваа технологија потсетува на онаа од хибридните модели, а помага при заштедата на гориво.

Внатрешноста доби подобрен инфотејнмент систем, но купувачие ќе мора да ја купат верзијата со најцелосна опрема за да уживаат во сите погодности на новата технологија.