Volkswagen Atlas ќе се појави и на европскиот пазар?!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 05.12.2016 - 17:25

Иако првично беше наменет за американскиот и кинескиот пазар, големиот SUV на Volkswagenov, кој ја носи ознаката Atlas, наскоро би можел да се продава и во некои европски земји.

VW веќе најави дека во 2017 година ќе ја започне продажбата на својот Atlas со дизелски мотор во Русија, но сега еден од шефовите откри дека моделот би можело да се најде и во неколку земји во Европа.

Во интервјуто за магазинот "Autocar", Елмар-Мариус Лихарц призна дека компанијата размислува да им го понуди Atlas со 2,0-литарски TDI мотор кој развива 190 КС на своите купувачи во Европа.

Челниците од Volkswagen се загрижени дека Atlas би можел да биде преголем за типичниот европски пазар, така што добро ќе размислат пред да го донесат на Стариот континент.

Лихарц верува дека постои пазар за голем SUV во некои од европските земји, каде би го пронашол своето место над идната генерација на Touareg. Ако добие зелено светло, Atlas со европските спецификации ќе се произведува во истата фабрика во САД, каде постојат доволни капацитети за дополнително производство.

Atlas би можел да се најде во понудата и на Блискиот исток, а Лихарц верува дека овој автомобил со седум седишта би можел да биде вистински хит.