Vogue избра најдобро облечена дама во 2017 година

Vogue избра најдобро облечена дама во 2017 година

“Модната библија” Vogue, пред крајот на годината, традиционално ја објави својата листа на најдобро облечени славни дами.

“Vogue” не го нумерираше својот список, па затоа ниедна од дамите на листата не е победничка, но една од нив сепак ја однесе својата мала победа. Станува збор за француската прва дама, 64-годишната Брижит Макрон која “Vogue” ја стави на својот список, а притоа ја занемари американската прва дама, Меланија Трамп.

“Пркосење на годините” е израз кој често се повторува кога станува збор за единствениот стил на Брижит Макрон. Првата дама е љубителка на кожни панталони, мини здолништа, ретро капути – сите овие се фаворити на оваа дама.

Таа е толку самоуверена што ја дочека Ријана во Елисејската палата во фармерки, а на државните настани носи проѕирни чевли на Џанвито Роси.

Брижит е дебитантка на овогодинешната листа на “Vogue” и воедно е првата дама, а во продолжение погледнете кои се останатите дами кои “Vogue” ги прогласи за најдобро облечени во 2017 година:

Ријана

Зои Кравиц

Натали Портман

Клер Фој

Соланж Ноулс

Ема Стоун

Зендаја

Никол Кидман

Рут Нега