Водителката Венди Вилијамс ја нападна Кајли Џенер

Американската водителка Венди Вилијамс имаше монолог за Кајли Џенер во нејзината последна емисија, зборувајќи за нејзината бременост и воопшто не ја штедеше.

Кајли има само 20 години. Се сеќавате кога вие имавте 20? Не ни размислувавте за дете тогаш. Меѓуоа нејзините 20 години се повеќе како 35 бидејќи израсна на телевизија пред нашите очи, а покрај тоа таа веќе имаше криза во средните години – рече Венди.

Можеш на себе да поправиш што сакаш, но детето и понатака ќе изгледа како старата ти – додаде Венди.

Таа се наврати и на нејзината врска со Тревис Скот. Пред неколку дена се појавиа гласини дека Кајли веќе не е во врска со рапорот, а Венди смета дека таа баш поради таа причина се повлече од јавноста.