Во новиот видео запис, Шакира до уши вљубена во Жерард Пике

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 13.05.2017 - 19:32

Шакира го претстави својот видео запис за хит нумерата Me enamore и уште еднаш покажа како го сака своето долгогодишно момче, Жерард Пике.

Колумбиската ѕвезда во видео записот ја опиша својата љубовна приказна со фудбалерот, љубов која ве тера на различни работи -  од скокање од авион до уништување на хотелска соба после луда забава.

Пејачката ден пред премиерата на видео записот објави дека новиот албум ќе се најде на продажба од 26 Мај.