Во најава е импресионирачки добар Голф!

Во најава е импресионирачки добар Голф!

Поатрактивен и подинамичен од било кога досега – Фолксваген со новата генерација на Голф ќе се обиде повторно да ја прегази конкуренцијата.

Од германскиот производител објавија неколк детали кои што можеме да ги очекуваме кај новата генерација од најважниот модел на компанијата – Голф, кој би требало да се појави на патиштата веќе во 2019-та година.

Германските медиуми откриваат дека новиот Голф ќе има нешто посмел дизајн и ќе пристигне со невообичаени пропорции. Исто така, кај осмата генерација на најпопуларниот модел на Фолксваген, значително ќе биде подобрена аеродинамиката, а посебно ќе се истакнуваат предните светла.

Се очекува новиот Голф да биде „изграден“ врз напредната “MQB” платформа, а благодарение на користењето на новите материјали, новата генерација би требало да биде „полесна“ за околу 50-тина килограми.

Најавени се и најразлични комбинации на погонскиот систем, од кои посебно интересна вест е тоа што се очекува Фолксваген да претстави модел кој ќе биде целосно на електричен погон, а ќе биде понудена и опција со гас.