Во Америка започнува воведувањето на 5G мрежата!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 03.02.2017 - 14:23

Еден од најголемите американски телеком оператори, AT&T, оваа година ќе започне со воведување на петтата генерација на мобилен интернет во два града. Со ова, тие ветуваат дека 5G мрежата ќе има брзина од 400 Mb/s, како и "паметна" мрежа.

Компанијата објави дека ултра брзиот интернет најпрво ќе биде воведен во Остин и Индијанаполис, каде ќе бидат тестирани перформансите на новата мрежа.

Тие се надеваат на извонредни перформанси, а велат дека на почетокот интернетот ќе достигнува брзина од 400 Mb/s, додека во некои подрачја е можно и забрзување од 1 GB/s.

Станува збор за надоградба на платформата Indigo која ветува дека ќе биде поприлагодлива и дека ќе се стави нагласок на софтверот во облик на вмрежување на 75% од мрежата до 2020 година.

Меѓутоа, корисниците не треба да очекуваат дека ќе влезат во продавница и ќе купат телефон со 5G по сопствен избор, бидејќи сѐ уште не постои 5G стандард.