Влатко Гроздановски ги бодри Вардарци во Малме!

Влатко Гроздановски ги бодри Вардарци во Малме!

Македонскиот фудбалски шампион, Вардар, вечерва ќе го одигра својот прв натпревар од второто квалификациско коло за групната фаза на Лигата на шампионите.

Момците на Седлоски ќе се соочат со шведскиот шампион Малме, а првиот меч се игра во Шведска, каде вардарци ги очекува пеколна атмосфера.

Сепкак, и нашиот состав ќе има своја поддршка, најавено е присуство не неколку стотини Македонци кои живеат во оваа скандинавска земја, а покрај нив ќе биде и поранешниот капитен на тимот, Влатко Грозданоски.

Доскорашниот фудбалер на „црвено-црните“ вчера пристигна во Малме, ги посети своите поранешни играчи и им даде поддршка пред вечерашниот натпревар. Тој ќе биде на трибините на арената во Малме. Грозданоски поголемиот дел од својата играчка кариера ја мина во редовите на македонскиот шампион, а ова лето се прости со фудбалската топка. Мечот меѓу Малме и Вардар ќе започне од 19.00 часот.