Виз Ер Скопски маратон 2017

Објавено: 03.05.2017 - 15:59

13-то издание на најмасовната спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се одржи на 7 мај 2017. 
На програмата се 4-ри трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон (4 х 10,5 км) и трка на 5км.
Оние што во 2016 година не си го искористија купонот за бесплатно учество (а биле пријавени учесници во 2015 во маратонската, полумаратонската трка или штафетниот маратон) може тоа да го направат за 2017 година. Како може да се искористи оваа бесплатна котизација ќе најдете на следниов линк
http://skopskimaraton.com.mk/kupon

Старт на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон е во 8.30 часот на 7 мај 2017.
Старт на трката на 5км е во 8.40 часот на 7 мај 2017.
Пријавувањето е отворено и ќе се одвива во 4 рокови.

Цени за регистрација за маратон и полумаратон:
- до 30 ноември 2016 / 850 ден.
- до 31 јануари 2017 / 950 ден.
- до 31 март 2017 / 1.100 ден. (за извршена регистрација до 31 март 2017 на стартниот број ќе биде испечатено и името од пријавата)
- до 30 април 2017 (или додека не се пополнат предвидените места) / 1.250 ден.

Цени за регистрација за штафетен маратон (4 х 10,5 км), за цела екипа:
- до 30 ноември 2016 / 2.800 ден.
- до 31 јануари 2017 / 3.200 ден.
- до 31 март 2017 / 3.600 ден. (за извршена регистрација до 31 март 2017 на стартниот број ќе биде испечатено и името од пријавата)
- до 30 април 2017 (или додека не се пополнат предвидените места) / 4.000 ден.

Цени за регистрација за трката на 5км:
- до 30 ноември 2016 / 350 ден.
- до 31 јануари 2017 / 350 ден.
- до 31 март 2017 / 400 ден. (за извршена регистрација до 31 март 2017 на стартниот број ќе биде испечатено и името од пријавата)
- до 30 април 2017 (или додека не се пополнат предвидените места) / 400 ден.

За повеќе информации околу содржината на стартните пакети и начинот на пријавување, на следниот линк
http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/

Подигањето на стартните пакети ќе биде на Маратон Експо на 5 и 6 мај, а локацијата ќе биде дополнително објавена