
Вистинскиот Тарзан (фото)[27.01.2012 - 11:26 часот]
|
До неодамна, ДеВет Ду Тоит бил обезбедување во една продавница за храна во Манчестер, но бидејќи му досадиле правилата на конвенционалниот живот, 24-годишниот чувар решил да ја фрли својата униформа, навлекол минијатурно леопардско платно и заминал во џунглата за да ги освојува гранките на дрвјата исто како херојот кој го идолизира.
Имено, Ду Тоит е опседнат со Тарзан и неговиот начин на живот и сега, тој ги поминува неговите денови во Африканската џунгла следејќи ги стапките на својот идол.

Исто како и фиктивниот лик од "Книгата за џунглата", и 24-годишниот боди билдер ги користи гранките од дрвјата за да се пропелира низ височините и при тоа го имитира славниот звук на Тарзан.
ДеВет поминува три денови неделно нишајќи се на гранките, пливајќи низ реките и трчајќи низ планините во близината на неговиот дом во Џорџ, Јужна Африка, каде кога не е во улогата на Тарзан, живее со родителите Лудолф и Ида (53 години) и неговиот брат близнак Рудолф.

Тренингот на ДеВет вклучува избегнување на змии и спиење на дрвјата во џунглата со што тој се надева дека ќе го истренира своето тело и ќе се адаптира на повикот на дивината.
"Јас сум сличен со Тарзан на многу начини. Мојот најдобар пријател е слонот Шака и и јас го поминувам моето време повеќе дружејќи се со мајмуни, зебри и крокодили отколку со луѓе", изјавил поранешниот бодибилдер.
Иако неговиот тренинг е многу напорен и одзема најголем дел од слободното време, ДеВет сепак се надева дека некаде меѓу скокањето од гранка на гранка и комуницирањето со дивината, тој ќе успее да ја пронајде својата Џејн со која ќе го помине остатокот од неговиот необичен живот.





| [назад] |















