Вистината за “no make up” селфи фотографиите

Вистината за “no make up” селфи фотографиите

Иако објавувањето на селфи без шминка во теоријата звучи одлично, во праксата работите се малку поинакви.

Познатите дами често објавуваат фотографии, па својата убавина која ја стекнуваат со разни третмани и зафати ја претставуваат како природна.

Трендот на сликање без шмика го започна пејачката Алиша Кис. Тогаш на почетокот предизвика бројни реакции, а во меѓувреме своите природни фотографии ги објавија и Лејди Гага, Гвинет Палтроу, сестрите Кардашијан и многу други познати дами.

А тоа што на сите им е заедничко е – ниту една од славните девојки нема, брчки, лузни, бемки, подочњаци, непосакувани влакненца, бубулици, несредени веѓи и слично. И ниту една не сака да признае дека има вештачки трепки, малку трајна шминка или квалитетна пудра за секој случај.

Сепак, блогерката Џина Скеда објави селфи без шминка и објасни зошто изгледа толку добро. Доби многу комплименти за фотографијата која ја објави од кревет, а потоа објасни дека има силикони во усните, исцртани веѓи, и дека всушност не изгледа така.