Вино на штикли

Вино на штикли

Дата и време 30.06 | 19:00 – 01:00

Локација: Форца, Скопје

Како дел од негувањето и ширењето на винската култура во земјава винскиот бар и ресторан „Форца“ во соработка со иницијативен одбор составен од дами љубители на вино, на 30 јуни (петок) организира вински настан „Вино на штикли“,под мотото „Голтни. Истражи. Уживај.“

На настанот посетителите ќе уживаат во дегустацијата на вина од повеќе од 15 домашни винарии, ќе биде поставен и специјален гастрономски дел, а за пријатна и опуштена атмосфера ќе придонесе и добро осмислениот музички дел.

Влезници за настанот ќе може да се купат на денот на случувањето. Цената на една влезница е 500 денари, а за пар 750 денари. Во цената е вклучена дегустација на над 100 различни вина од 15 винарии.

Покрај одличната уникатна програма настанот ќе има и хуманитарен карактер. Целта е да се поттикне хуманоста и несебичната поддршка за децата и младите со посебни потреби. Ќе биде организирана хуманитарна аукција на премиум вина од сите винарии учесници на настанот. Собраните средства од аукцијата ќе бидат донирани на „Центарот за специјална едукација и рехабилитација на деца со пречки во развојот и аутизам“.