Викторија одбила 10 милиони фунти за враќање во Spice girl

Викторија одбила 10 милиони фунти за враќање во Spice girl

Заедничките фотографии ги покренале гласините за нова турнеја и повторна соработка.Викторија Бекам вчера исклучила било каква можност за повторно собирање на бендот…


Пет членки на британската група „Спајс грлс“ – Викторија Бекам (43), Мелани Браун (42), Ема Бантон (42), Мелани Шисолм (44) и Гери Хорнер (45) во деведесеттите години на минатиот век постигнале голем успех. Ширум светот продале 85. милиони албуми, а минатата недела објавиле фотографија од повторното „собирање“.
„Не одам на турнеја. Спајс Грлс не одат на никаква турнеја“ рекла Викторија за магазинот „Вог“.
Доколку повторно би се собрале, секоја Спајсица би требало да добие по 10. милиони фунти.
„Викторија моментално е фокусирана исклучиво на модна, а не на музичка кариера“ рекол пријател на модната дизајнерка која е непоколеблива и наводно сето време „го кочи“ враќањето на некогаш светски популарниот бенд.

Спајсици се разишле во 2000. година, но во неколку наврати се собирале, на пример за церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012. година. Хорнер неодамна им се доверил на пријателите дека прв настап на бендот ќе биде на кралската венчавка во мај.
„Таа смета дека тоа е вистинска прилика и добро се вклопува во нејзините идеи враќањето да биде многу „британско“. Тоа е дел од нивниот идентитет кој сакаат да го негуваат“ рекле нејзини пријатели.
Принцот Хари (33) и Меган Маркле (36) ќе се венчаат на 19. мај во капелата Св. Џорџ.