(ВИДЕО) Расел Вестбрук со влезе во НБА историјата

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.04.2017 - 10:44

Расел го сруши рекордот на Оскар Робертсон и стана кошаркарот со најмногу трипл-дабл учиноци во историјата на НБА. Расел Вестбрук го направи својот 42. трипл-дабл оваа сезона, на натпреварот со Денвер постигна 50 поени, имаше 16 скока и 10 асистенции, му донесе победа на својот тим од 106:105.


Оскар Робертсон во НБА сезоната 1961-62 имаше учинок од 41 трипл-дбал со просек од 30.8 поени, 12.5 скокови и 11.4 асистенции по натпревар. Беше единствениот со трипл-дабл просек во една сезона се додека Вестбрук не го направи тоа оваа сезона.

„Им благодарам на моите соиграчи, на моите тренери, на организацијата, на сите фанови, на фамилијата затоа што веруваше во мене и ми овозможи ова да го правам. Благословен сум со овој талент и можноста да се натпреварувам на ова ниво“ - изјави Вестбрук