(Видео) Најневеројатни акробации за 2017 година

Акробатиката е нешто што секогаш ги зачудуваше луѓето, а нивните снимки, во ерата на интернетот, се меѓу најгледаните на сајтовите и социјалните мрежи.

Популарниот YouTube канал People are Awesome на почетокот на месецот објави видео компилација составена од најдобрите клипови што се објавени во 2017 година.

Во само три минути, „спакувани” се снимки од неверојатни акробатски способни, обучени, храбри и малку луди луѓе од целиот свет.

Овие адреналин зависници спектакуларно ги покажуваат своите вештини на скии, велосипеди, скејтборди, мотори.. На теренот, во водата и во воздухот.