Ви се виде многу снег денес?[03.02.2012 - 15:31 часот]
|
Кога утрово излеговте од дома веројатно помисливте дека на саканата дестинација побрзо би стигнале со санка, отколку со автобус или автомобил.
Епа во Јапонија автобусите возат, ама вака...

Во овие ладни денови апсолутен хит на друштвените мрежи се сликите од "снежниот кањон" во Тојама, Јапонија.
Патот се нарекува и "алпска рута", и очигледно е зошто - над патот се издигаат 20 метри високи стрмни ивици од снежната покривка.
Алпската рута е и туристичка атракција во Јапонија, посебно поради начинот на кој џиновската механизација го чисти патот...



| [назад] |















