Вежбањето стана модерна зависност слична на хероинот!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 18.08.2016 - 15:45

Експертите предупредуваат дека новиот тренд на фитнес тренинзи е еден вид на зависност на модерното време.

На пример, британската водителка Лиса Викери станува во 5 часот наутро, трча повеќе од еден час, а пред да седне зад своето биро вежба и Бикрам јога во траење од еден час. На враќање од работа ја чека нов круг на јога и повторно трчање низ населбата.

"Останатите мислат дека не сум нормална, но јас го обожавам чувството кое ми го дава вежбањето. Ако не го добијам својот 'фикс', остатокот од денот сум нерасположена", вели водителката.

Лиса е само една од луѓето кои експертите ги нарекуваат "фитнес џанки", а ги има многу во нашето модерно општество.

Експертите го споредуваат одвикнувањето од претерана физичка активност со одвикнувањето од хероин.

Количината на ендорфин која ја лачи телото при вежбањето во екстремни случаи може да биде толку изразена што може да предизвика чувство на еуфорија, ефект кој е сличен како оној при консумирањето на опијат, а баш како што и на наркоманите им треба сѐ поголема доза со текот на времето, така и зависниците од вежбање почнуваат да поминуваат сѐ поголем дел од своето време вежбајќи.

"Знаете дека вежбањето преминало во зависност кога тоа ви го управува целиот живот, ги губите пријателите и немате доволно врее за другите содржини во текот на денот, бидејќи не можете без тренинг", предупредува славниот фитнес тренер Далтон Вонг.