Вест Хем денеска славеше со 1:0 против шампионот Челзи

Вест Хем денеска славеше со 1:0 против шампионот Челзи

Вест Хем денеска славеше со 1:0 против шампионот Челзи во 16. коло од англиската Премиер лига.

Стрелец на единствениот погодок беше Марко Арнаутовиќ.

Ова беше четврти пораз за Челзи оваа сезона, после кој останаа на третото место на табелата со 32 поени, додека Вест Хем се наоѓа на 18. место со 13 поени, колку што има и ВБА.

Денеска се играат уште 6 натпревари од Премиер лигата, додека утре на програмата се три дуели меѓу кои е и дербито на двете првопласирани екипи Манчестер Јнајтед и Манчестер Сити.