Versace во една ревија ги спои најбараните супермодели на едно место!

Versace во една ревија ги спои најбараните супермодели на едно место!

Не се ни памети откако на модната писта имавме можноста на едно место да ги видиме Наоми Кембел, Клаудија Шифер, Карла Бруни, Хелен Кристенстен и Синди Крафорд.

Донатела Версаче реши повторно да ги спои едни од најголемите супер модели на сите времиња, за да ја одбележи 20-годишнината од смртта на нејзиниот брат, дизајнерот Џани Версаче.

Модната куќа Версаче го отвори модно шоу за сезоната пролет/лето 2018 на модната недела во Милано, со најактуелните манекенки во моментот Кендал Џенер и сестрите Џиџи и Бела Хадид.

Присутните имаа можноста на писта да ја погледнат и ќерката на Синди Крафорд, Каиа Гербер, која иако има само 16 години, веќе е подготвена за модниот свет.

Шоуто имаше триумфален завршеток со појавувањето на златните дами кои ја одбележаа ерата на Џани Версаче.

Наоми, Клаудија, Карла, Хелен и Синди изгледаа како во старите добри времиња кога беа главни ѕвезди на модните писти, а воедно и најбарани модели во 90-тите.