Венгер со пофални зборови за професионалноста на Санчез

Венгер со пофални зборови за професионалноста на Санчез

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез не сакаше да го продолжи договорот со Арсенал, па јасно беше дека најдоцна на лето ќе го напушти клубот.

Сепак, во меѓувреме во текот на јануарскиот преоден рок, се активираше Манчестер Јунајтед и на крајот успеа да го доведе на „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми шпекулираат дека Санчез наводно бил во лоши односи со челниците на клубот, меѓутоа тренерот на „Топчиите“, Арсен Венгер тврди дека тој секогаш бил голем професионалец.

„Санчез е одличен дечко и секогаш беше посветен и го даваше својот максимум, како на тренинзите, така и на натпреварите. Загубивме играч од светска класа, но добивме друг играч од ист ранг. Не се сомнева дека Мкихтарјан одлично ќе се вклопи во нашиот тим“, изјави Арсен Венгер.