Венгер: На Арсенал му е потребно појачување

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.03.2017 - 12:48

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека тимот мора да се зајакне за следната сезона, иако не прецизираше дали ќе ги води он и тогаш.


"Ова е чудна сезона затоа што 20 натпревари не сме поразени, но не можам да кажам дека не е полно со дамки затоа што ги има. Базата е јака, но тимот, нормално мора да се зајакне." - изјави Венгер за британските медиуми.

Венгер изјави дека сака Месут Езил и Алексис Санчес да останат во тимот.

"Нашата иднина ќе ја одредат и нашите ментални способности. За мојата иднина во Арсенал многу се зборуваше, но во овој момент тоа не е најважната работа." - додаде Венгер.

Арсенал е 6ти на табелата со 50бодови од 27 натпревари, два помалку од петто пласираниот Манчестер Јунајтед, а шест од Ливерпул кој има два натпревари повеќе.