Венчавка од милион долари. Се омажи Серена Вилијамс

Венчавка од милион долари. Се омажи Серена Вилијамс

Познатата тенисерка Серена Вилијамс се омажи за своето момче Алексис Оханијан, а како пренесуваат странските медиуми, венчавката чинела повеќе од милион долари.

Парот судбинското да го кажа во Њу Орлеанс, на венчавката која беше една од најголемите од светот на шоу бизнисот. Странските медиуми пренесуваат дека целиот градски блок бил затворен поради луксузниот настан во Центарот за современи уметности.

На венчавката беа 200 гости, а меѓу нив се најдоа и големите имиња како што се Бијонсе, Ким Кардашијан и Ева Лонгорија.

На венчавката присуствуваше и уредничката на магазинот Vogue, Ана Винтор, а поради ексклузивниот договор со тој магазин од гостите било побарано со себе да не носат мобилни телефони.